Top Sport

Ѓоковиќ самоуверено на врвот на АТП – Барти е првопласирана кај дамите!

Најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ и понатаму е на врвот на АТП листата со 11.113 поени – ја започна 335. недела на врвот меѓу тенисерите иако Данил Медведев ја намали бодовната разлика, сега Русинот има 9.980.

Најголема промена има со позицијата на Рафаел Надал кој сега е петти со 7.815 поени.

Пред него на третата, односно четвртата позиција се позиционираа Стефанос Циципас (8.350 поени) и победникот на турнирот во Синсинати, олимпискиот шампион Александер Зверев кој собра 8.240 поени.

На АТП листата шести е Доминик Тим, седми е Андреј Рубљов, на осмата позиција е Матео Беретини. Швајцарскиот ас е на деветтата позиција, додека првата десетка завршува со Денис Шаповалов.

Кај дамите, на врвот се уште е Австралијката Ешли Барти (освојувачка на титулата на Мастерсот во Синсинати), додека втора Арина Сабаленка од Белорусија. Таа ја прескокна Јапонката Наоми Осака која сега е третопласирана на ВТА листата.

Голем скок од цели 32 места за финалистката во Синсинати, Швајцарката Жил Тајхман. Таа сега е 44-та во светот на тенисот.

Scroll to Top