Top Sport

Ѓоковиќ се ближи до рекордот на Федерер, неверојатно остварување на Надал

Новак Ѓоковиќ ја започна 304 недела на челната позиција на АТП листата, а Рафаел Надал 800 последовна недела во Топ 10.

Ѓоковиќ на првото место има 12.030 бодови, Надал е зад него со 9.850. Ѓоковиќ уште шест недели го делат од рекордот на Роџер Федерер.

Надал од друга страна влезе во историјата како првиот играч кој 800 недели по ред е во Топ 10. Шпанецот 209 недели бил на првото место, а денес ја започна 361 недела на второто место на АТП листата.

Зад Ѓоковиќ и Надал се Доминик Тим, Данил Медведев, Роџер Федерер, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубов, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Scroll to Top