Top Sport

Ѓоковиќ се изрезили со „најлошиот потег“, но го мина Нишикори (видео)

Прво добрата вест за фановите на Новак Ѓоковиќ. Србинот го мина првото коло на Мастерсот во „Каха Магика“ во Мадрид, победувајќи силен противник како Кеи Нишикори во меч во кој доминираше.

Но, потоа и лошата. Србинот имаше еден момент, кој беше еден од најлошите потези во неговата тениска кариера, кога неговиот смеш-удар заврши во мрежата.

Тој успеа да се соземе и да стигне до 7:5/6:4 победа над упорниот Јапонец, за да обезбеди второ коло против подобриот од дуелот Кајл Едмунд-Данил Медведев. Српскиот тенисер се обиде да ја врати формата пред Ролан Гарос, но за тоа има простор од само уште два турнири – во Мадрид и во Рим.

Фото: ЕПА

Scroll to Top