Top Sport

Ѓоковиќ се откажа од турнирот во Аделаида

Новак Ѓоковиќ решил да го откаже настапот на АТП турнирот во Аделаида. Одлуката на вториот светски рекет ја потврдиле и организаторите на турнирот.

Одлуката на Ѓоковиќ е разбирлива бидејќи со Србија успеа да се планира во финалето на АТП-купот, чија завршница се игра во Сиднеј.

„Разочарани сме, но се надеваме дека Новак ќе дојде наредната година. Ја разбираме неговата одлука. Му посакуваме многу среќа во завршницата на АТП-купот и на претстојниот Австралија опен“, соопштиле организаторите.

Ѓоковиќ во декември минатата година најави дека ќе игра на овој турнир од серијата 250. Тогаш неговата одлука делуваше изненадувачки бидејќи никогаш порано не играч турнир на една недела пред почетокот на Австралија опен.

Тој беше единствениот од Топ 10 во светот што се пријавил за настап на турнирот.

Scroll to Top