Новак Ѓоковиќ денес нама да се врати на тениските терени откако се повлече од турнирот во Абу Даби. Србинот по паузата од шест месеци денес требаше да игра на егзибицискиот турнир во Абу Даби против Роберто Баутиста-Агут.
„Последните неколку дена повторно ја почувствував болката во лактот и добив совети од лекарскиот тим да не ризикувам. Морам да ја прифатам оваа одлука и да ги чекам резултатите од терапиите. Ова можеби ќе има влијание врз плановите за почетокот на сезоната“, рекол Ѓоковиќ.
Србинот минатата сезона ја заврши во четврт-финалето на Вимблдон кога му го предаде мечот на Томаш Бердих поради повреда.
Според планот по Абу Даби тој требаше да настапи на турнрот во Доха, а потоа и на Австралија опен.