Top Sport

Ѓоковиќ се враќа на 10 јануари

Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот „Тај-брејк тенис“ во Мелбурн, соопштија организаторите. Србинот треба прв пат во кариерата да учествува на ова натпреварување кое започна да се одржува во 2015 година.

Покрај Ѓоковиќ на турнирот меѓудругите ќе учествуваат Рафаел Надал и Станилслас Вавринка.

Победникот ќе освои награда од 250.000 долари.

Новак претходно го откажа учеството на егзибицискиот турнир во Абу Даби поради болки во лактот, а ден потоа објави дека нема да игра ниту на турнирот во Доха кој започнува денес.

„Тај-брејк тенис“ на програмата е од 10 јануари и се игра на „Маргарет корт“ теренот во Мелбурн.

Scroll to Top