Top Sport

Ѓоковиќ со совет за Дончиќ: Полека, мајсторe!

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, никогаш не криел дека е огромен кошаркарски фан, и признава дека ужива кога го гледа во акција словенечкиот феномен на Далас маверикс, Лука Дончиќ, кој несомнено е кандидат за МВП на сезоната.

„Имам најдобро мислење за Лука како кошаркар, но и како личност, бидејќи имав директен контакт со него пред неколку години и се гледавме во Мадрид кога играше за Реал. Секогаш му ги следам натпреварите, иако сега Лос Анџелес клиперс се опасен противник верувам дека можат да го поминат. Се трансформира во еден од најдобрите кошаркари на светот и дефинитивно ја заслужува таа титула“, вели Ѓоковиќ за „Спорт клуб“.

Тој има и совет за младиот кошаркар.

„Неверојатно е што направи иако има само 21 година. Сите му предвидуваа блескава кариера, но мислам дека ги надмина сите очекувања. Неговото искуство во Реал му помогна да стане лидер во НБА. Единствено нешто што можам да му порачам на пријателски начин е да биде свесен дека пред него е долга кариера. Кога сте млади, понекогаш сакате сè одеднаш, но потребно е време. Затоа му посакувам да има трпение, бидејќи другите работи веќе се тука. За да може да биде тука долго време и да не радува со успесите“, додава Ѓоковиќ.

Scroll to Top