Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ признава дека следната година главна цел освен рекордот на Роџер Федерер од 20 гренд слем титули, главен предизвик му е олимпиското злато во Токио.
И покрај доминацијата на АТП турнејата и на гренд слем турнирите, Србинот има само бронзен медал од Пекинг 2008 година, откако во Лондон во 2012 загуби од Хуан Мануел дел Потро во борбата за бронзата, а потоа истиот противник го елиминираше во првото коло во Рио во 2016 година.
„Не сакам да бидам неблагодарен со бронзениот медал, бидејќи и тоа е голем успех. Во 2012 бев во полуфиналето, а потоа загубив во борбата за третото место, така што тоа останува мој сон. Секогаш пронаоѓам мотивација кога ја претставувам мојата земја, посебно на Олимпијадата, најголемото спортско натпреварување на светот. Прекрасно е да си опружен со елитните спортисти во селото, да гледаш како се натпреваруваат за златен медал“, вели Ѓоковиќ, кој и покрај загриженоста, потврди дека ќе игра на Синсинати опен и на САД опен следниот месец.