Top Sport

Ѓоковиќ спаси сет топка, па го растури Андерсон

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полу-финалето на мастерсот во Шангај. Српскиот тенисер за место во финалето ќе игра против Германецот Александар Зверев.

Ѓоковиќ, во реприза на финалето на Вимблдон, го совлада Кевин Андерсон од Јужна Африка за 100 минути игра.

Србинот го одигра најдобриот меч на турнирот, а особено блескаше во финишот на првиот и почетокот на вториот сет, кога практично и беше решен победникот.

Благодарение на извонредните сервиси, Андерсон се држеше во егал во првиот сет, а во 12.гем пропушти и една сет топка. Потоа во тај-брејкот, Ѓоковиќ го збриша играчот од Јужна Африка.

Во 13.игра, Ѓоковиќ на противникот му пропушти само еден поен. Вториот сет започна со брејк на Ѓоковиќ и тогаш беше јасно дека Андерсон повеќе нема никакви шанси, 7:6, 6:3.

Србинот мечот го заврши со 24 директни поени и 17 неизнудени грешки, додека тој однос кај неговиот противник беше негативен 30/32.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Александар Зверев. германецот во два сета (6:4, 6:4) го победи Британецот Кајл Едмунд.

Scroll to Top