Top Sport

Ѓоковиќ тренира во Лас Вегас (Видео)

Новак Ѓоковиќ полека се враќа во натпреварувачки ритам, започна конкретни тренинзи со рекетот в раце, а во моментов се наоѓа кај својот тренер Андре Агаси во Лас Вегас.

Српскиот тенисер пред еден месец имаше помал хируршки зафат на лактот. Поради оваа повреда тој пропушти половина од минатата сезона,а проблемите со повредата беа видливи и на Австралија опен.

Ѓоковиќ се подготвува во Лас Вегас за американската турнеја која ќе започне на 8.март со мастерсот во Индијан Велс.

Поранешниот „број 1“ изминатите три недели работеше само во теретана, а пред неколку дена започна да работи и со рекетот и најави брзо враќање на терените, иако се мали шансите тој да настапи во Индијан Велс.

Scroll to Top