Новак Ѓоковиќ ќе мора да се откаже од 250.000 долари од наградниот фонд на САД опен по неговото исфрлање од САД опен во неделата навечер, но и да плати дополнителни 10.000 долари поради „неспортско однесување“, а може да го очекува и дополнителна казна откако не се појави пред медиумите по мечот.
Ѓоковиќ небрежно ја удри линиската судијка Лора Кларк во вратот по губењето на брејк за 5:6 во првиот сет против Шпанецот Пабло Карењо Буста, по што доби директна дисквалификација од турнирот.
Србинот бараше да му се дозволи да го продолжи мечот, но судијата Серен Фримел, кој се појави на теренот на празниот „Артур Еш“ по барање на судијата на столче Орели Турте по дебатата со тенисерот му објасни дека нема друга опција. Ѓоковиќ не се појави на задолжителната прес-конференција и наместо тоа се јави со соопштение во кое се извини на организаторите.