Новак Ѓоковиќ заработил најмногу од турнирските награди оваа сезона, а успеа да го престигне Роџер Федерер од првото место на листата, на тенисери што заработиле најмногу пари на турнирите од почетокот на кариерата.
Ѓоковиќ одигра брилијантно во вториот дел од сезоната, победи во Вилблдон, потоа во Синсинати, Ју-Ес Опен и Шангај, а играше финалиња во Париз и на завршниот мастерс во Лондон.
Србинот во 2018 година, само од турнирите успеал да инкасира 15,96 милиони долари. Речиси двојно помалку заработиле Роџер Федерер (8,62 милиони долари) и Рафаел Надал (8,66).
Ѓоковиќ и Надал наскоро ќе ја отворат новата сезона. Србинот и Шпанецот ќе бидат учесници на егзибицискиот турнир во Абу Даби од 27. до 29.декември.
Топ 5 заработувачки во 2018 година:
1. Новак Ѓоковиќ 15.967.184 долари
2. Рафаел Надал 8.663.347
3. Роџер Федерер 8.629.233
4. Хуан Мартин дел Потро 6.486.251
5. Кевин Андерсон 5.491.352
Топ 5 заработувачки во историјата:
1. Новак Ѓоковиќ 125.772.589
2. Роџер Федерер 120.514.916
3. Рафаел Надал 103.251.975
4. Енси Мареј 61.046.255
5. Пит Сампрас 43.280.489