Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше 60 места на ВТА листата. Напредокот на Ѓорческа се должи на пласманот во финалето на турнирот во Трнава.
Ѓорческа од квалификациите влезе на турнирот но немаше сили да го освои, во финалето загуби од Русинката Софија Лансере 2/6, 3/6.
Пласманот во финалето и овозможи „скок“ на ВТА листата од 403 на 343 место.
Најдобриот пласман на ВТА листата Ѓорческа го имаше на 12 јуни 2017 година, кога беше 170 во светот.