Top Sport

Го погодил редоследот во Монца – вложил 20 центи заработил 33.000 евра

Неделната трка во Монца, за Големата награда на Италија, долго ќе се прераскажува. Два пати на патеката излегуваше безбедносното возило, еднаш трката беше и прекината поради излетувањето на Шарл Леклер. Повторениот старт и грешката на Луис Хамилтон на крајот донесоа неочекуван расплет победи Пјер Гасли од Алфа Таури, пред Карлос Саинц од Мекларен и Ленс Строл од Рејсинг Поинт.

Звучи неверојатно но еден неименуван обложувач во Финска го уплатил токму овој распоред на крајот.

Во обложувалницата „Виекхаус“ на ваквиот распоред на првите тројца уплатил 20 центи, на крајот добил неверојатни 33.398 евра.

Монца 2020 е првата трка по 2013 година на која не победил болид на Ферари, Мерцедес или Ред Бул, а исто така е и првата по 2021 година на која ниту еден возач од овие три тима не избори пласман на победничкиот пиедестал.

Scroll to Top