Top Sport

Го преживеа падот на авионот на Шапокоенсе, а сега останал жив и по страотна автобуска несреќа

Едвин Тумири, на 28. ноември 2016 година, беше еден од шестмината преживеани во авионската несреќа, во која загина речиси целиот тим на Шапокоенсе. Несреќата се случи во близина на Меделин, Колумбија.

Пет години по таа несреќа, Тумири, уште еднаш и „побегна“ на смртта. Пред два дена тој бил во автобусот кој паднал во провалија висока 150 метри. Во несреќата смртно страдале 21 лице, а Тумири бил еден од 13 луѓе кои преживеале.

Интересно, во автобуската несреќа тој се здобил со исто повреди, како и пет години претходно, кога го преживеа уривањето на авионот. Имал повреди на грбот и коленото.

„Излегов од автобусот. Забележав дека ми е повредно коленото, седнав и си помислив: ‘Повторно, не ми се верува’. Чувствувам дека сум благословен“, рекол Едвин Тумири.

 

Scroll to Top