Италијанката Софија Гоџа победи на трката во спуст, која во Светскиот куп, се возеше во Кран-Монтана. За Гоџа ова е четврта победа во низа, во оваа дисиплина.
Италијанската во целта влезе со време 1:27.55 минути. Гоџа зад себе за 27 стотинки ја остави Лара Гут-Бехрами од Швајцарија, додека третопласираната Италијанка Елена Куртони задоцни 60 стотинки.
Гоџа има убедлива предност во поредокот во спуст, таа има 380 поени, односно 95 повеќе од Американката Бризи Џонсон.
Утре во Кран-Монтана на програмата е трката во супер велеслалом.