Давид Гофан стана еден од 14-те тенисери меѓу топ 100 кои живеат во Монте Карло, славниот даночен рај на брегот на Азурниот Брег.
Тој не е прв белгиски спортист кој ја направил оваа одлука, бидејќи во минатото тенисерката Жастин Анен, велосипедистите Филип Жилбер и Том Бонен и рели-тркачот Тјери Нојвил живееја во Монте Карло, но сепак, не можеше да избегне од критиките на јавноста.
Гофан, кој оваа сезона, неговата најдобра во кариерата заработи 3.890.613 долари само од тениските фондови, вели дека главната причина не е данокот.
„Тука сè е тивко и безбедно. Во Монте Карло сум две години и ми се допаѓа премногу. Во Белгија стана тешко да се тренира. Не можам да направам чекор без некој да ме застане“, изјави финалистот од АТП финалето во Лондон.
Неговиот тренер, Тјери ван Клемпут вели дека критиките не се „фер“.
„Можам да ги разберам критиките, но тие треба да бидат точни и целосни. Тоа што го направи Давид е легално, тој не крие ништо, плаќа сè што треба на тимот, медицинското осигурување и патувањето. Честопати се заборава вистинската причина за преселба во Монте Карло, најдобрите тренинг-услови на светот“, објаснув Ван Клемпут.