Top Sport

Гофан се раздели со тренерот

Белгискиот тенисер Давид Гофан потврди дека ја раскинал соработката со тренерот Томас Јохансон. Гофан, оваа недела, настапи на мастерсот во Париз. Од позицијата на осми носител, Гофан, одигра само еден меч, во првото коло беше слободен, а во второто загуби од Словакот Норберт Гомбош.

Со поразот од Гомбош Гофан ја заклучи лошата сезона. На крајот цехот за лошите партии оваа сезона го плати шведскиот тренер.

„По две заеднички години решивме да ја прекинеме соработката. Би сакал да му се заблагодарам за се она што направи за мене“, напишал Гофан на својот профил на „Инстаграм“.

Scroll to Top