Top Sport

Гофан со шок за повредениот Надал

Давид Гофан го совлада светскиот рекет број 1, Рафаел Надал со 7:6(5)/6:7(4)/6:4 за прво големо изненадување на АТП финалето во Лондон, пораз со кој се поставуваат многу прашања околу физичката подготвеност на Надал за настап на завршниот турнир од сезоната.

Надал, кој имаше проблеми со своето движење на теренот поради повредата на коленото која за малку ќе го натераше да се повлече од турнирот, храбро се бореше во вториот сет и изгледаше дека е на пат до победа, но Гофан беше доминантен во одлучувачкиот сет за прва победа над Шпанецот.

Останува неизвесно дали Надал ќе се повлече од турнирот или ќе се обиде да ги одигра уште двата меча по групи против Григор Димитров и Доминик Тим.

Scroll to Top