Top Sport

Ѓоковиќ ги поддржа студентските протести во Србија

Новак Ѓоковиќ, освојувачот на 24 Гренд слем трофеи, синоќа на социјалната мрежа „Х“ објави дека е важно да се слушне гласот на студентите кои протестираат во Србија.

Блокадите на сите факултети во Белград, Ниш и Нови Сад траат со денови, а студентите не се откажуваат од барањето да се казнат виновниците за трагедијата во Нови Сад, каде при пад на настрешница загинаа 15 лица.

Многу познати личности им дадоа поддршка на студентите, а синоќа Ѓоковиќ изјави дека е со нив.

„Како некој кој длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што на сите ни треба е разбирање и почит. Со вас Новак“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Блокадите на факултетите почнаа на 25 ноември во Нови Сад, а на протестите почнаа да се приклучуваат и средношколци.

Scroll to Top