Top Sport

Ѓоковиќ го декласира Еванс

Новак Ѓоковиќ рутински го победи Даниел Еванс и се пласираше во третото коло на Вимблдон.

Најдобриот тенисер на сите времиња го победи Британецот со резултат од 3:0 (6:3, 6:2, 6:0). Мечот на Централнот терен траеше еден час и 47 минути.

Со овој триумф, Ѓоковиќ ја забележа својата 99-та победа на Вимблдон.

Играта на Ѓоковиќ „не беше добра“ само на почетокот. Проблеми имаше со реализицијата на брејк-топките во првиот дел од првиот сет. Пропушти Ѓоковиќ 10 брејк-топки, а кога ја реализираше 11. јасно беше дека му нема спас на Еванс. ,

Играта, на Ѓоковиќ беше блиску до совршенство, загуби само осум поени на свој сервис, имаше 40 винери и само 14 неизнудени грешки.

Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ.

Фото/ EPA/TOLGA AKMEN

Scroll to Top