Top Sport

Ѓоковиќ го цитира Коби Брајант: Луѓето не ги мразат добрите, туку најдобрите

Новак Ѓоковиќ, по победата над Александар Ковачевиќ, во првото коло на Ролан Гарос, го цитираше покојниот Коби Брајант. Ѓоковиќ ја спомна изјавата на кошаркарската легенда, одговарајќи на прашањето дека е најомразениот тенисер на социјалните мрежи.

„Луѓето не ги мразат добрите, туку најдобрите“, го цитира Новак Ѓоковиќ покојниот, Коби Брајант.

Омразата, злоупотребата, што во современиот свет најчесто се случува на интернет, беше една од темите на конференцијата на српскиот ас по пласманот во вториот круг на Ролан Гарос.

„Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е страшна емоција. Мислам дека не заслужив да бидам мразен од никого. Не би променил ништо во мојот живот. Направив многу грешки , но јас бев јас, сто пати ќе изберев да бидам свој отколку да бидам со системот“, го коментираше Новак фактот дека е најомразениот тенисер на социјалните мрежи.

Scroll to Top