Top Sport

Ѓоковиќ и Алкараз вечерале заедно во Париз

Новак Ѓоковиќ пред полуфиналето на Ролан Гарос го честел вечера Карлос Алкараз. Ѓоковиќ и Алкараз, синоќа вечерале заедно во ресторанот „Сијена“ во Париз.

Според извештаите од Париз, Ѓоковиќ пристигнал прв и предизвикал големо внимание, кај новинарите гостите и персоналот. Главниот готвач на ресторанот му донел дури и чинија на која побарал да добие автограм од еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Не е познато за што разговарале двајцата тенисери, кои утре ќе се сретнат на „Филип Шатрие“, во првото полуфинале на Ролан гарос.

Алкараз моментално е рекет број еден во светот, но Новак може да му го преземе тронот, доколку победи во полуфиналето и потоа ја освои титулата.

Инаку, ресторанот „Сијена“ е популарен кај славните личности. Гости во овој ресторан биле Килијан Мбапе, Нејмар, Серена Вилијамс, поп ѕвездата Селена Гомез…

Scroll to Top