Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва стана играч со најмногу освоени тај-брејкови во во низа на Грен слем турнирите.
Ѓоковиќ е првиот тенисер со 14 добиени тај-брејкови на четирите најголеми турнири во опен ерата. Претходно на врвот на оваа листа беше изедначен со својот идол Пит Сампрас, двајцата имаа по 12 добиени тај-брејкови во низа.
Рекордот го постави во првиот сет против Хуберт Хуркач и тоа на импресивен начин. Полјакот водеше со 6:3, Ѓоковиќ спаси три сет топки, а потоа го доби тај-брејко со 8:6.
Веднаш во наредниот сет Ѓоковиќ го подобри својот рекорд. И вториот сет против Хуркач го доби во тај-брејк и идентично како и првиот со резултат 8:6.
Доколку победи против Хуркач ќе го престигне Сампрас по бројот на последователни победи во Лондон. Двајцата во моментов се изедначени со 31 победа, а повеќе имаат само Роџер Федерер (40) и Бјорн Борг (41).