Top Sport

Голем проблем за Минесота – Карл-Ентони Таунс го повреди коленото

Ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, Карл-Ентони Таунс се здоби со повреда на коленото, пренесува „Атлетик“.

Според првичните прогнози, репрезентативецот на Доминиканската Република го скинал менискусот и е надвор од теренот до понатамошно известување.

Веста беше крајно загрижувачка за навивачите на Минесота, со оглед на тоа што нивниот тим е на врвот на Западот.

Големото прашање е какво опоравување му треба, се зависи од тоа каква операција ќе го реши неговото отсуство од терените, а може да биде од неколку недели до осум месеци.

Оваа сезона Таунс има просек од 22,1 поен со 8,4 скока и три асистенции по натпревар.

Без него задржувањето на првата позиција на Западот ќе биде многу тешко со оглед на тоа што Денвер Нагетс и Оклахома Сити Тандер „дишат во врат“.

Scroll to Top