Top Sport

Големо изненадување во Монте Карло, Лајовиќ го шокираше фаворитот Тим

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ се погрижи за големо изненадување во осминафиналните дуели на Мастерс турнирот во Монте Карло. Лајовиќ кој е 48-ми светски рекет во моментов со 2-0 во сетови (6-3 и 6-3) славеше против фаворитот, петтиот тенисер според АТП рангирањето, Австриецот Доминик Тим.

Лајовиќ во претходното коло изненадувачки славеше против Давид Гофин на најспората тениска подлога.

Денешната беше прва победа на Србинот против Австриецот во нивниот шести меѓусебен дуел.

Лајовиќ во четвртфиналето го очекува дуел со најпријатното досегашно изненадување на турнирот, 96-от светски тенисер, Италијанецот Лоренцо Сонего кој преку квалификации стигна до главниот турнир.

Scroll to Top