Top Sport

Голманот на Колумбус загина во бизарна несреќа

Голманот на НХЛ екипата Колумбус Блу, Матис Кивленијекс, го загуби животот во бизарна несреќа. 24-годишниот Летонец, смртно настрадал откако, на забавата на која присуствувал, се распила машината за огномет.

Како што пренесува ЕСПН, Летонецот се наоѓал во џакузито, во моментот кога машината за огномет се свртела на погрешна страна.

Матис Кивленијекс, се обидел да излезе од џакузито, но бил погоден од огнометот. Аутопсијата потврдила дека тоа била причината за смртта.

Голманот, кариерата ја започнал во Рига, а во најсилната хокеарска лига во светот дебитирал во сезоната 2019/2020.

Scroll to Top