Top Sport

Гонзалес е новиот селектор на Србија

Раул Гонзалес ќе биде нов селектор на српската ракометна репрезентација.

Како што пренесува Sports Journal, преговорите меѓу двете страни траеле кратко и лесно бил постигнат договорот, па се очекува тој да го наследи Слободан Ројевиќ на клупата.

Познатиот стручњак, освојувач на Лигата на шампионите со Вардар во 2017 година и тренер кој во витрините има 24 трофеи, потпиша четиригодишен договор.

Тој ќе ја води Србија на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Новиот селектор ќе има доволно време да се навикне, бидејќи следниот меч Србија го игра дури во март и тоа против Шпанија која ги елиминира „орлите“ од борбата за пласман на Светското првенство.

Како играч, Гонзалес освои бронзен медал со Шпанија на Олимписките игри во Атланта 1996 година, а селектор е од 2005 година.

Тој ги водеше Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Вардар и Пари Сен Жермен каде што беше во последните седум години.

Scroll to Top