Top Sport

Грабнале атлетичар, па со пила му ги сечеле нозете

Јужноафриканскиот триатлонец Мленги Гвала бил нападнат во близина на градот Дурбан, а засега тројцата непознати напаѓачи се обиделе да му ги исечат нозете.

„Во вторникот, во три часот наутро, Гвала тргна да се најде со пријателот со кого заедно тренира кога го нападнале три лица“, изјавил Денис Џексон, директор на организација која им обезбедува секаков вид помош на спортистите во Дурбан.

„Бандата што го нападнала триатлонецот имала намера со пила да му ги исече нозете“, дополнил Џексон.

„Луѓето го чекале Гвала во грмушките. Најпрвин помислил дека имаат намера да го ограбат, па веднаш им ги понудил својот телефон, паричникот и велосипедот“, изјавил пријателот на триатлонецот, Сандиле Шанге.

„Меѓутоа, тие не ги сакале понудените работи. Двајцата потоа го зграпчиле за горниот дел од телото, а третиот се обидел со пила да му ја исече ногата. Мислам дека стигнале до коската, а потоа не одело понатаму. Тогаш се обиделе да му ја исечат другата нога“, раскажал Шанге.

Напаѓачите избегале кога случајно на тој дел од патот поминала полициска патрола.

Младиот триатлонец веднаш бил префрлен во болница и бил опериран.

„Прогнозите на лекарите се оптимистички“, рекол Џонсон дополнувајќи дека не се јасни мотивите за нападот.

Според полициски податоци, стапката на криминал во Јужна Африка е исклучително висока. Дневно во оваа држава се случуваат 51 убиство.

Scroll to Top