Top Sport

Градските трки во Стокхолм за Хавер-Лесет и Ценхаузерн (видео)

Норвежанката Нина Хавер-Лесет и Швајцарецот Рамон Ценхаузерн триуфираа во супер-интересните трки во паралелен слалом во Стокхолм во вторникот.

Ценхаузерн го совлада Швеѓанецот Андре Мирер во машкото финале за да ја замолчи гласната домашна публика. Ценхаузерн имаше предност од 4 илјадити делови од секундата по второто возење, а до победата стигна откако Мирер направи грешка во второто возење и беше дисквалификуван. Марсел Хиршер загуби во четврт-финалето од Лука Ерни.

Неговата сонародничка Венди Холденер водеше по првото возење во женското финале, но направи грешка во второто и Хавер-Лесет лесно стигна до победата. Американската лидерка во Светскиот куп, Микаела Шифрин, која лани победи на трката, го пропушти натпреварувањето на 10 дена пред Олимпијадата во Пјеонгчанг.

Во Пјеонгчанг првпат на програмата ќе има трки во паралелен велеслалом, но како дел од алпското тимско натпреварување.

Scroll to Top