Серена Вилијамс „сигурно“ може да го помине рекордот на Маргарет Корт од 24 гренд слем титули кога ќе се врати по раѓањето на првата ќерка, смета поранешната светска тенисерка број 1, Штефи Граф.
Вилијамс нема играно по победата на Австралија опен во јануари, но 36-годишната ветеранка додека беше бремена постојано постираше како тренира, а најави дека сака да се врати веќе во Австралија во јнауари. Вилијамс беше два месеци трудна кога ја освои 23. гренд слем сингл титула во Мелбурн, поминувајќи ја Граф, и доаѓајќи на еден трофеј од вечниот рекорд на Австралијката Корт.
„Сигурно! Мислам дека многу зависи од нејзината желба за победа и од тоа која ѝ е целта во кариерата. Од тоа што го слушнав, таа планира враќање на тенисот и сè што покажа во нејзината кариера ви дава за право да верувата дека тоа е можно“, вели Граф.