Top Sport

Грчки навивачи исфрлени од трибините во Мелбурн

Група грчки навивачи поради анти-македонски скандирања биле исфрлени од трибините на Австралија опен во Мелбурн.

Грците, во текот на вчерашниот ден се појавиле на теренот број 8 за да ја подржат Марија Сакари во дуелот со Јапонката Нао Хибино.

Групата во која имало дваесетина луѓе се однесувале како да се на фудбалски натпревар, извикувале и политички пароли, поради што неколку пати биле опоменати од главниот судија.

Откако не се смириле обезбедувањето и полицијата ги исфрлиле од гледалиштето.

Инаку, Сакари го доби мечот со Хибоно 7/6, 6/4 и се пласираше во третото коло.

Scroll to Top