Top Sport

Грција ја растури Црна Гора, Шпанците се изнамачија со САД

Ватерполо репрезентациите на Шпанија и Грција се пласираа во полу-финалето на Олимписките игри. Шпанците потешко од прогнозите славеа над САД со 12:8, додека Грција ја декласира Црна Гора со 10:4.

Грците целосно ја запреа Црна Гора, во еден момент имаа водство од 7:1. Колку беа инфериорни Црногорците говори и податокот дека два од четирите гола постигнаа во последната четвртина кога победникот беше решен.

Грција до победата и пласман во полу-финалето ја предводеше Генадиудис со пет гола.

Шпанците кои демонстрираа врвна форма во групата, во која славеа над Србија, Црна Гора и Хрватска, отпорот на САД го скршија во последниот период. На полувреме беше нерешено 6:6, на карјот од третиот период Шпанците водеа 7:6, а решавачката четвртина ја добија со 5:2.

Гранадос и Санахуја со по два гола беа најефикасни кај Шпанците.

Шпанија во полу-финалето ќе игра против победникот од мечот Србија-Италија, додека Грците го чекаа подобриот од дуелот Хрватска-Унгарија.

Scroll to Top