Top Sport

Грифин со најдобриот нокаут викендов во УФЦ

Ветеранот Макс Грифин го имаше најдобриот нокаут на УФЦ Вегас 22 во саботата, откако го сопре Сонг Кенан уште во првата рунда по фантастична низа на удари.

Двајцата фајтери во велтер категорија имаа брз старт на мечот, и по размената на ударите, Грифин со силен удар на десницата го прати Кенан на подот, и потоа го заврши на подот.

Ова беше втора победа со нокаут во низа за Грифин, откако го победи Рамиз Брахимаж во ноември 2020. Тој уште се надева дека ќе добие меч за титулата во велтер категорија, каде што шампион е Александер Волкановски.

Scroll to Top