Top Sport

Гулбис го „здрви“ Зверев, Хачанов со импресивен кам-бек

Летонецот Ернестс Гулбис секогаш играл далеку под нивото кое е нормално за неговиот талент, но 29-годишен милионер е посебно инспириран на гренд слем турнирите. Оваа година тоа го почувствува четвртиот носител на Вимблдон, Александер Зверев, кој „излета“ по 7:6(2)/4:6/5:7/6:3/6:0 победата на Гулбис.

Гулбис, кој во 2014 играше во полуфиналето на Ролан Гарос и беше во топ 10 на рејтинг-листата, за настап на овогодишниот турнир мораше да ги мине квалификациите за првпат во кариерата да дојде ди четвртото коло во 11. настап на  гренд слемот на трева.

Изгледаше дека Зверев го контролира мечот откако спаси сет-поен на 3:5 во третиот сет, но Гулбис се врати и остана ментално во мечот со својата разновидна игра за да обезбеди дуел со подобриот од пресметката Ник Кирјос-Кеи Нишикори.

Во четвртото коло е и 22-годишниот Русин Карен Хачанов, кој се врати од два сета негатива за 4:6/4:6/7:6(3)/6:2/6:1 победа над Американецот Френсис Тиафоу. Хачанов е најмладиот Русин во четвртото коло по Михаил Јужни, а до него стигна со 33 аса и со 81 отсто освоени поени на прв сервис.

Хачанов, кој во февруари во Марсеј ја освои втората АТП титула во кариерата, сега игра со подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ-Кајл Едмунд.

Фото: ЕПА

Scroll to Top