Сега веќе легендарната пресметка помеѓу УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и ирскиот предизвикувач Конор Мекгрегор заврши во октомври со победа на Хабиб и хаос по мечот, но двајцата очигледно не можат еден без друг.
Двајцата и порано си разменуваа директни и индиректни пораки преку социјалните мрежи, но во саботата ова се крена на ново ниво и Хабиб му го „спушти“ на Мекгрегор, кој наводно веќе е пензиониран.
„Одлично чувство, по пет шампионски рунди. Се гледаме наскоро мои фанови, многу наскоро. Благодарам на поддршката овие години“, напиша Хабиб до своите фанови.
Мекгрегор не можеше да изддржи и одговори: „Ти ги зема парите, но окото на твоите браќа се тресеше кога се бореше со мене, мал стаорецу. Вива Лас Вегас бејби, но големиот секогаш победува“.
Но, Хабиб, му одговори навистина брутално.
„Парите доаѓаат и си одат, честа што ја загуби таа вечер никогаш нема да се врати. Живеј со тоа. Ја заврши кариерата во ММА, но започна кариер на Твитер? Твитер воин“, му одговори Хабиб.
Great feeling, after 5 championships rounds.
See you soon my fans, very soon.
And thank you all you guys, for support all these years. https://t.co/y2zcknBuxQ— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) March 29, 2019
You got your money took and your brothers eye socket shook when you fought me you little rat.
Viva Las Vegas baby the gaf always wins.
Big stomper party in the Wynn coming soon! @ProperWhiskey @WynnLasVegas #ad https://t.co/oN0KBCm7N3— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 31, 2019
@TheNotoriousMMA money comes and goes, the honor that you lost that evening will never return, live with it.
Finish career in mma, but start career on twitter? #twitterWarrior— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) March 31, 2019