УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов можеби е една од најголемите ѕвезди во ММА борбите, но вели дека повеќе го следи фудбалот, додавајќи дека научил многу од Кристијано Роналдо и откривајќи дека е во постојан контакт со Златан Ибрахимовиќ.
Одамна се знае дека Хабиб е голем навивач на Реал Мадрид, но и на турскиот Галатасарај, покрај својот локален клуб, Анжи Махачкала, и признава дека фудбалот останува „број 1“.
„За мене, фудбалот е спорт број 1. Кога бев дете, сонував да бидам фудбалер и секогаш ги гледав мечевите. На некој начин фудбалот е подобар од ММА, бидејќи не мораш да скршиш некого, туку одиш на трева и покажуваш што умееш“, вели Хабиб.
Тој открива дека оддржува пријателство со Роналдо, Ибрахимовиќ, но и Карим Бензема, уште еден „полуден“ по ММА борбите.
„Ги знам сите клубови, се сеќавам кој победил во УЕФА купот, на Европските првенства, дури се сеќавам на дел од составите – кој каде играл, кога постигнал голови. Кога се сретнав со Кристијано имав толку многу прашања. Сакав да го прашам како ја оддржува желбата да биде на врвот 17 години. Освои речиси се со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид“, додава Хабиб.