Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејтџи ќе се борат во септември потврдил првиот човек на УФЦ Дејна Вајт.
Вајт ја коригира својата изјава од пред два дена кога рекол дека Дагестанецот и Американецот ќе се борат за појасот во лесна категорија во јули.
Се претпоставува дека здравствената сосотјба во која се наоѓа таткото на Нурмагомедов е причината поради која Вајт одреди нов термин за борбата.
Абдулманап Нурмагомедов според руските медиуми се наоѓа во кома откако имал пневмонија и му била извршена операција на срцето.
„Ќе им го испратиме договорот во вторник. Се случија неколку чудни работи и поради тоа се уште не е потпишан договорот. Сега размислуваме Гејтџи и Нурмагомедов да се борат во септември. Во средата разговарав со Хабиб, ми кажа дека во септември ќе биде подготвен“, рекол Вајт.
Џастин Гејтџи минатиот викенд го победи Тони Фергусон со што обезбеди меч за титулата во лесна категорија со Нурмагомедов.