УФЦ мега-ѕвездата Хабиб Нурмагомедов има многу фанови на сите страни на светот, а очигледно и во Босна и Херцеговина, откако Дагестанецот им прати директна порака на босанските навивачи преку Јутјуб.
Нурмагомедов го „здроби“ Конор Мекгрегор во четири рунди од мега-мечот во Лас Вегас, кој подоцна беше одбележан со општа тепачка, по што стана вистинска ѕвезда на глобално ниво.
„Селам алејкум, Босна и Херцеговина. Ќе дојдам наскоро и ви благодарам за поддршката. Знам дека има многу фанови таму. Ќе се видиме наскоро“, вели Нурмагомедов.