Top Sport

Хабиб: Каде ќе го видам ќе го тепам Конор, ако одам во затвор, одам (видео)

Хабиб Нурмагомедов веќе го истепа Конор Мекгрегор во УФЦ октагонот, но очигледно „проблемот“ меѓу двете ММА ѕвезди не е завршен, откако Дагестанецот тврди дека ќе го тепа Ирецот каде ќе го сретне.

Зборувајќи за „ЕСПН“ пред својата втора одбрана на УФЦ титулата во средна категорија на УФЦ 242, Хабиб призна дека и тој, како и медиумите, не може да престане да зборува за Мекгрегор.

„Дури иако мечот е завршен, не е сè завршено. Само да ги скршиш луѓето не е доволно. Зборувам само да го скршам него? Не, тоа не е доволно. Мора да го скршам целиот негов тим. Размислувам за тоа пред овој меч и го кажувам тоа на мојот тим. Одиме во војна, не во меч. Никогаш нема да биде завршено. Дури и да се видиме било каде, ќе се тепаме, 100 отсто. Не е важно дали некој ќе оди во затвор. Ако треба тоа, тогаш нека биде така. Ќе одат во болница, па во полиција. Тоа е тоа“, вели Нурмагомедов.

Сепак, Нурмагомедов ќе мора прво на својот распоред да го стави дуелот со преодниот шампион во лесна категорија, Дастин Поариер, кој ќе се случи на 7 септември во Абу Даби.

Scroll to Top