Top Sport

Хабиб: Крајно време е Мекгрегор да заврши во затвор (видео)

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов вели дека неговиот лут ривал Конор Мекгрегор треба да „заглави“ во затвор откако неодамна се појави снимка на која тој удира постар човек во еден паб во Даблин.

Инцидентот кој се случил на 6 април во ирската престолнина почнал кога човекот одбил честење од брендот виски на Мекгрегор. Нурмагомедов јасно посочи што мисли за инцидентот.

„Тоа е навистина лоша работа. Дури и старецот од видеото да те удри во лице десет пати, не смееш да му вратиш. Неверојатно. Мора да се почитуваат постарите луѓе. Еден фан ми прати порака и ме праша: ’Се сеќаваш кога се обиде тебе да ти даде виски, а ти не го зема, но тебе не те удри?’. А на старци покажува сила. Вакви луѓе заслужуваат затвор. Пратете го зад решетки да размисли малку. Не сакам да имам ништо со него. Не ми е јасно ирските власти зошто молчат“, вели Нурмагомедов.

Мекгрегор удрил старец во паб навреден од тоа што тој одбил да го чести виски (видео)

Scroll to Top