Top Sport

Хабиб: Мекгрегор е обичен силувач и алкохоличар!

Дали како дел од промоцијата на можниот реванш, или како знак дека навистина им е досадно, УФЦ ривалите Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор влегоа во војна на зборови на Твитер, а посебно „болеа“ зборовите на Хабиб дека неговиот ирски ривал е „силувач и алкохоличар“.

Сѐ започна откако претседателот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека „Конор веќе не е човекот кој одлучува за следните мечеви, бидејќи Хабиб е сега шампионот“. По ова, Ирецот се потсмеваше на УФЦ 242 шоуто во Абу Даби, каде што Хабиб ја одбрани титулата против Дастин Поаире.

„Кој не е човекот? Твојот човек направи голем меч, така? Во шатор во песокот. Продолжете да се лажете, коњи“, напиша Мекгрегор.

Хабиб одговори во свој стил, нарекувајќи го Мекгрегор „фијаско алкохоличар“ на руски јазик, по што Мекгрегор му одговори: „Ќе се видиме во Москва, мачко“. Тогаш работите станаа погрди: „Во Москва не чекаат силувачи“, напиша Хабиб, за на крајот Мекгрегор да одговори со фотографија пред руска амбасада.

Оваа твитер-расправа доаѓа откако се објави дека Мекгрегор вторпат е обвинет за сексуален напад. Според „Њујорк тајмс“, Мекгрегор е обвинет за напад на една 20-годиѓна жена на паркинг овој месец.

Scroll to Top