Top Sport

Хабиб потврди дека се враќа заедно со неговите братучеди

Еден месец по смртта на неговиот татко и тренер Абдулманап, Хабиб Нурмагомедов вели дека при неговиот камбек во УФЦ кафезот во октомври против Џастин Гетџи ќе имаат борби и двајцата негови братучеди, Абубакар и Умар, како и неговиот близок пријател и колега Ислам Махачев.

Хабиб по третпат ќе ја брани титулата во лесна категорија против Американецот Гетџи, и во првиот меч без неговиот татко и ментор, тука како поддршка ќе бидат неговите пријатели и семејството. Хабиб на Инстаграм потврди дека Абубакар и Умар ќе имаат мечеви, како и тренинг-партнерот Махачев, кој има низа од шест победи во лесна категорија.

„Тројцата ќе бидеме тука на ист ден на УФЦ 254. Абубакар, Ислам и тука ќе биде и Умар Нурмагомедов. Четири фајтери од нашиот тим“, вели Нурмагомедов.

Scroll to Top