Top Sport

Хабиб: Реванш со Конор? Нема шанси, тој се тепа со второлигашки фајтери

Хабиб Нурмагомедов нема намера да му даде шанса на Конор Мекгрегор за римеч наскоро и покрај тоа што шефот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека Ирецот може да добие ваков дуел ако го победи Доналд „Каубој“ Серон во кам-бекот во јануари.

Мекгрегор се враќа во октагонот на УФЦ 246 на 18 јануари во прв меч по поразот од Хабиб во октомври 2018 година, додека Хабиб ќе се бори со Тони Фергусон во Њујорк во април. Вајт изјави дека ако двајцата победат, тогаш е „логично“ многу бргу да има дуел меѓу двајцата, кој би донел многу пари. Хабиб не е импресиониран.

„Серон? Мислам дека тој има седум или осум порази во 10 меча, а другиот фајтер веќе четири години нема победа. Тоа е ниска лига, не е важно кој ќе победи. Ме изненадува што Дејна Вајт вели дека Конор и јас ќе имаме римеч. Јас одлучувам со кого ќе се борам. Прво треба да падне на 70 килограми, а потоа да победи во 10 меча во низа, како што направив јас. Потоа ќе зборуваме. Сега, нека се тепа со второкласни фајтери“, изјави Нурмагомедов при прес-конференција во Краснодар.

Вајт: Мекгрегор ќе добие втора шанса против Хабиб ако победи во следниот меч

Scroll to Top