Хабиб Нурмагомедов, „царот“ во лесната категорија во УФЦ по борбите со мечките како дете, повторно е во „битка“ со природата – овојпат со реките во неговиот роден Дагестан.
Преку видео на Инстаграм, шампионот се пофали со снимка на која агресивно плива контра силните струи на реката во Кизилјурт, град во Дагестан на 50 километри од главниот град Махачкала. На видеото добро се гледа како струјата го влече Нурмагомедов со секој замав, но тој не престанува.
Ова е уште една необична подготовка на шампионот и доаѓа неколку недели откако групата за заштита на животните ПЕТА го критикуваше за борбата со мечката.
Нурмагомедов се подготвува за својот следен дуел, во кој најверојатно ќе се бори со првиот предизвикувач Тони Фергусон на почетокот на следната година. Фергусон, кој има 18-1 скор, се гледа еден од најголемите предизвици во кариерата на Дагестанецот.