Top Sport

Хабиб: Жените треба да се борат само во домот

УФЦ ѕвездата, Хабиб Нурмагомедов ги налути  женските ММА борачи, откако изјави дека на жената и е место во домот, а не во рингот.

При гостување во Саудиска Арабија тој беше запрашан каков совет има за дамите кои решиле да прават кариера во УФЦ, но наместо тоа тој даде поинаков совет.

„За жените, имам многу добар совет, борете се дома. Уште еден совет, секогаш завршувајте го вашиот сопруг“, изјави Нурмагомедов.

Иако одговорот може да се протолкува како шега, Хабиб сигурно не е борец за женските права, откако досега никој ја нема видено неговата сопруга, која постојано е во нивниот дом во Махачкала, Дагестан.

Инаку, Хабиб уште ја чека казната од Спортската комисија на Невада (НСАЦ), по тепачката која ја предизвика по крајот на спектакуларната победа над Конор Мекгрегор на 6 октомври. Околу неговите следни планови има многу шпекулации – од можното влегување во боксерскиот ринг, до ри-меч со Ирецот.

Никој не знае како изгледа сопругата на Хабиб

Scroll to Top