Рускиот тенисер Карен Хачанов го декласира Доминик Тим во првото полу-финале на мастерсот во Париз. Хачанов победи 6:4, 6:1 и се пласираше во своето прв мастерс финале во кариерата.
Хачанов, кој по овој турнир ќе ја подобри својата 18.позиција на АТП листата, контролата врз мечот ја презеде од средишницата на првиот сет. Тогаш успеа да направи брејк, а потоа не му остави можност на Тим да се врати во мечот.
Рускиот тенисер само ја потврди добрата форма, откако ја запиша десеттата победа на последните 11 мечеви.
За титулата во Париз Хачанов ќе се бори против победикот од тенискиот класик помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер