Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер е на еден чекор до рекордната 10. титула на турнирот во германскиот град Хале откако предмаку за 1 час игра славеше во полуфиналето против францускиот тенисер, Пјер-Хјуз Ербер.
Швајцарецот на трева со 6-3 и 6-3 го реши четириесет и третиот светски рекет во моментов и утре ќе игра за титулата против Белгиецот Давид Гофин.
Тој, пак, за 100 минути игра го доби дуелот со Италијанецот Матео Беретини 2-0 (7-6 6-3).
Федерер има освоено 20 гренд-слем титули, а утре ќе се бори за јубилејната 10. на турнирот во Хале чиј награден фонд е 2.2 милиони евра, (досега на ниту еден турнир од серијата 500 Роџер нема освоено повеќе од 9 титули).
Наскоро Швајцарецот ќе полни 38 години.