Светската тенисерка број 1, Симона Халеп по третпат се пласираше во финале во Канада, откако со 6:4/6:1 во полуфиналето ја совлада Австралијката Ешли Барти.
Шампионката од Монтреал од 2016, Халеп, исто така загуби во финалето во Торонто од Белинда Бенчич во 2015 година, за против Барти во саботата да освои седум од последните осум гема од мечот за импресивна победа.
Романката, која оваа година ја скрши гренд слем „клетвата“ со победа на Ролан Гарос, против 22-годишната Австралијка ги освои четири од првите пет гема правејќи два брејка. Меѓутоа, Барти се врати со брејк и остана на сервис до крајот на сетот, пред целосно да ја загуби контролата во вториот сет.
Во второто канадско полуфинале по полноќ играат Американката Слоун Стивенс и Украинката Елина Свитолина.
Rally of the match!@Simona_Halep has the answer for everything! #CoupeRogers pic.twitter.com/BMKiYQt1gm
— WTA (@WTA) August 11, 2018
.@Simona_Halep books ticket into @CoupeRogers final!
Defeats Barty, 6-4, 6-1! pic.twitter.com/TRQ93pn0B6
— WTA (@WTA) August 11, 2018