Top Sport

Халеп како ѕид, Кербер ја декласира Киз

Симона Халеп и Анжелик Кербер се пласираа во полу-финалето на Австралија опен во женска конкуренција. Романката Халеп, која е прва носителка на турнирот успеа да ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2:0 (6:3, 6:2).

Четврт-финалето Халеп-Плишкова беше неизвесно само на почетокот кога тенисерката од Чешка успеа да поведа со 0:3. Потоа Романката освои шест гема во низа го доби првиот сет, а во втортиот воопшто не се поставуваше прашањето која тенисерка ќе оди понатаму.

Германката Кербер беше уште поубедлива во своето четврт-финале. За само 52 минути, Кербер која е 16.на ВТА листата ја декласира Американката Медисон Киз со 6:1, 6:2.

Scroll to Top